Шпански медиуми: Винициус го уценува Реал Мадрид и претседателот Перез!

Се чинеше дека новиот договор на Винициус Жуниор со Реал Мадрид ќе биде чиста формалност, но работите не се одвиваат така лесно како што се очекуваше. 

Бразилската ѕвезда има важечка соработка до 2027 година, но новите услови понудени од управата не го задоволиле, по што побарал драстично поголема плата преку своите агенти. 

„Кралевите“ му понудиле 20 милиони евра годишно на Винициус, но тој смета дека сумата е апсурдна и е помала од тоа што го заработува во моментов. Неофицијално, агентите му предочиле на Перез дека Винициус нема да се задоволи со помалку од 25 милиони, сума која Реал во моментов не е подготвен да ја плати. Според непотврдени извори, претседателот Флорентино Перез им порачал на колегите дека агентите „го уценуваат клубот“, веднаш после состанокот со претставниците на фудбалерот. 

Винициус е трет најдоброплатен играч во редовите на Реал, веднаш зад Давид Алаба и Килиан Мбапе. Неговата иднина во Мадрид засега останува голема непознаница, со оглед на фактот што за него има огромен интерес од повеќе европски и саудиски клубови. 

ФОТО/PHOTO: Real Madrid CF

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.