• Иван Димовски
Куманово станува дел од една од најпрепознатливите фудбалски приказни во светот. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié, клуб со 115 годишна традиција и оваа сезона повторно учесник во УЕФА Лигата на шампионите, првпат пристигнува во Македонија. Од 19 до 21 јуни 2026, во MM SPORT Евент Центар во Куманово, ќе се одржи камп со кој започнува соработката меѓу Севиља и нашиот град.
Но најважниот збор во оваа приказна не е „клуб“, ниту „академија“ туку детето. Целиот проект е градан околу едно прашање: како од едно дете да изградиме силен карактер, личност со интегритет и здрава иднина?
Шпанската фудбалска филозофија е одбрана затоа што со децении ја докажува сопствената вредност. Таа не учи само како се игра фудбал, таа го гради целиот спортист: силен менталитет што не паѓа по првиот неуспех, дисциплина што останува и кога никој не гледа, разбирање на суштината на играта, тактичка зрелост, врвна физичка подготвеност и оној непоколеблив спортски дух што и подоцна, надвор од теренот, ги прави луѓето победници во животот.
Тоа е токму суштината на методологијата „La Cantera“ на Real Betis истиот систем што изродил играчи кои денес носат дресови во La Liga и националните репрезентации, а ќе ја носат и нашата младина. Тренинзите ќе ги водат тренери директно делегирани од Real Betis Foundation заедно со локални тренери, на FIFA-сертифициран терен со сите безбедносни и медицински стандарди.
Кампот е наменет за деца родени помеѓу 2012 и 2019 година (7-14 години), со основни вредности кои клубот ги негува со генерации: понизност, труд и посветеност.