ФОТО: Шпанската ѕвезда со трогателни зборови го испрати Адеми од Динамо Загреб

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, денес фудбалер на РБ Лајпциг, а некогаш на Динамо Загреб, на Инстаграм објави стори, во кое го испрати Аријан Адеми од загрепскиот клуб. Адеми и Олмо долго време ја делеа соблекувалната на „Максимир“ и заедно испишаа бројни клупски успеси.

Дани Олмо играше во Динамо од 2015 до 2020 година и освои девет трофеи со клубот, вклучувајќи и пет од домашниот шампионат во Хрватска. Адеми го напушта Динамо како легенда на клубот и негов најтрофеен фудбалер. Кариерата ќе ја продолжи во Кина, а заминувањето од Максимир Олмо го придружуваше со сино срце и овие зборови:

„Еден е Аки... Фала за сè, капетане“, напиша Олмо.

Македонскиот репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи во Пекинг Гуан, клуб со кој потпиша тригодишен договор.