Откако синоќа загуби од Реал Сосиедад пред своите гледачи, Реал Мадрид веднаш го официјализа трансферот на младиот талент роден во Малага, Брахим Дијаз. Младиот шпански креативец доаѓа од англискиот првак Манчестер сити, а детали од договорот не се целосно откриени за јавноста.