• Ван дер Варт сонува да ја заврши кариерата во Ајакс

    Рафаел ван дер Варт посакува кариерата да ја заврши во матичниот клуб, Ајакс од Амстердам. Фудбалерот за врска на шпанскиот Бетис одигра 155 натпревари за Ајакс, пред во 2005 година да мине во Хамбургер. Холанѓанецот ова лето потпиша за Бетис, но беше стартер на само шест натпревари во Примера, и уште не постигнал гол.

  • „Магијата“ на Иниеста против Еспањол

    Ако некој наликува на Зинедин Зидан, тогаш тоа несомнено е Андрес Иниеста, кој со секој потег потсетува дека Барселона не е само напаѓачкото трио Меси, Нејмар и Суарез. Погледнете ја последната мајсторија на великанот на шпанскиот фудбал.

  • Голманот Јан Облак е словенечки фудбалер на годината

    Голманот на словенечката репрезентација и на Атлетико Мадрид, Јан Облак, беше избран за најдобар фудбалер на Словенија за 2015 година. Утрово фудбалската федерација на оваа земја ги објави гласовите, а изненадува што човекот кој цела година беше резерва на Самир Хандановиќ е лауреатот.    Облак собра повеќе гладови од Роберт Бериќ (Сент Етјен), Самир Хандановиќ (Интер), Јосип Иличиќ (Фиорентина) и Кевин Кампл (Баер Леверкузен).   Голманот на Атлетико Мадрид оваа полусезона има најмал број на примени голови во Примера, а во 2015 година одигра вкупно 41 натпревар и прими само 24 голови. 

  • Родригез возел 200 км на час и остана без возачка дозвола

    Колумбискиот интернационалец во Реал Мадрид, Џејмс Родригез, лошо ја почна новата 2016 година. На утринскиот тренинг дојде во придружба на полиција, која го гонеше низ мадридските улици заради возење со недозволена брзина од 200 километри на час.

  • Нејмар втора година по ред е „Златна самба“!

    Фудбалерот на Барселона, Нејмар, е бразилски фудбалер на годината за фудбалери кои играт во Европа. Популарната награда „Златна самба“, која ја доделува магазинот „Самбафут“, втора година по ред ја добива бившиот фудбалер на Сантос, откако беше најдобар и минатата сезона.

  • Барселона има само една маана: Шампионите не знаат да изведуваат пенали

    Барселона зад себе ја остави најдобрата сезона во изминатиов период. Пет освоени трофеи, рекорди од кои боли глава, инвидуални признанија од секој тип, се дел од колекцијата на каталонската гордост.

  • Каналес по трет пат ги скина лигаментите на истото колено?

    Фудбалерот на Реал Сосиедад, Серхио Каналес, ризикува да го пропушти остатокот од сезоната, ако се потврдат стравовите дека внатрешните лигаментите на коленото се скинати во натпреварот против Реал Мадрид во средата. Каналес го напушти натпреварот против својот бивш клуб со солзи во очите на крајот на првото полувреме.

  • Евро-голот на Бруно го одлучи дербито за Валенсија и донесе главоболки за Невил

    Виљареал го доби градското дерби со Валенсија и ја забележа десеттата победа во Примера оваа сезона. На „Мадригал“ домаќините славеа со 1-0 против тимот на Гери Невил. Бруно со гол во 64. минута го одлучи изедначениот натпревар, во кој немаше голем број на зрели шанси за гол.

  • Бројки за восхит: Роналдо е прв стрелец на векот!

    Португалската гол машина Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола во победата на Реал Мадрид против жилавиот Реал Сосиедад со 3-1 (1-0). Португалецот во 42. минута го постигна првиот гол на мечот, што е негов 513 во кариерата. Таа бројка го прави најдобар стрелец во 21 век.

  • Барса ја заврши годината со старите добри победнички навики

    Фудбалерите на Барселона ја завршија годината онака како што ја започнаа. Го совладаа Бетис со 4-0 (2-0) и се вратија на првата позиција во шпанската Примера, дури и со натпревар помалку. Светскиот првак со скоро најсилниот тим го одбележа 500. натпревар на Лео Меси во професионалниот фудбал, славеникот се запиша меѓу стрелците.

  • Севиља сигурна против Еспањол

    Екипата на Севиља со победата над Еспањол од 2-0 (2-0) сериозно се приближува до местото кое води во Лигата на шампионите. 

  • Реал Мадрид со празнична победа ја заврши оваа година

    Во првиот натпревар од последното коло за оваа година од шпанската Примера, екипата на Реал Мадрид успеа да извојува победа против тимот на Реал Сосиедад со 3-1 (1-0). 

  • Денис Суарез се враќа во Барса шест месеци порано од предвиденото

    Младиот фудбалер за врска, Денис Суарез ќе биде третото засилување на Барселона во новата 2016 година, по Арда Туран и Алеиш Видал, кои потпишаа во јуни, но дури сега имаат право да дебитираат за новиот клуб. Денис Суарез е фудбалер на Барселона, кој минатата сезона беше на отстапка во Севилја, а оваа полусезона е во Виљаеал со истата формула на едногодишна отсапница.

  • Уште еден Аргентинец стигна во Атлетико: Краневитер веќе тренира кај Симеоне

    Трансферот кој беше договорен пред шест месеци, денес се реализира во целост. Младиот аргентински репрезентативец, Матиас Краневитер пристигна во Атлетико Мадрид од Ривер Плата за 8 милиони евра. Тој околу пладне се појави на аеродромот „Барахас“ во Мадрид, каде беше дочекан од неколку навивачи на помладиот мадридски клуб.

  • Барса ќе му понуди тројно поголема плата на Нејмар

    Барселона ќе направи радикален потег и веројатно во иднина ќе му даде статус на прва звезда на Бразилецот Нејмар.    Бразилецот ќе добива скоро 30 милиони евра по сезона, ако потпише нов договор со европскиот првак. Ако дојде до таков договор тоа значи речиси трикратно зголемување на платата на напаѓачот.   Нејмар би станал втор со најголема плата во составот по Лео Меси. Ако се согласи бившиот фудбалер на Сантос ќе остане во Барселона до 2021 година.  

  • Меси утре влегува во клубот 500 на Барселона

    Лионел Меси се наоѓа пред натпреварот број 500 во дресот на Барселона, единствениот клупски дрес за него во целата кариера. Аргентинскиот интренационалец може да дојде до овој рекорд утревечер против Бетис во одложената средбата од 17. коло на Примера.   Во клубот 500 во Барселона место има за Андрес Иниеста, Чави Ернандез, Виктор Валдес, Карлес Пујол и Мигел. Меси од 2004 година е во Барселона и освои 26 титули со тимот кој е актуелен европски првак.   Меси седум пати се радуваше на шпанската титула, четири пати беше најдобар во Лигата на шампионите, три пати стана светски клупски првак, а исто толку пати го освојуваше Купот на Кралот и Суперкупот на Европа, а има и шест одличја од Суперкупот на Шпанија.  

  • Реал ќе го договори Де Геа во јануари, за да го добие во јуни!

    Реал Мадрид пак подготвува понуда за голманот Давид Де Геа. Станува збор за висока понуда од 40 милиони фунти, што е скоро па откупната клаузула на шпанскиот голман во англискиот клуб.

  • Барселона го засилува нападот со нов Бразилец

    Барселона во продолжението на сезоната одлучи да го засили својот тим. Арда Туран и Алекс Видал ќе стекнат право на настап откако ќе им заврши суспензијата на каталонскиот тим, а од денес се очекува и „ново лице“ во редовите на европскиот и светскиот шампион. 

  • Се празни „болницата“ во Реал Мадрид

    Реал Мадрид објави дека во 2016 година во составот ќе се врати централниот дефанзивец, Рафаел Варан. Французинот заработи повреда на бутниот мускул и пропушти еден месец од настапите за „кралевите“.

  • Мендеш: Роналдо ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид!

    Кристијано Роналдо ќе остане во Реал Мадрид и ќе ја заврши својата фудбалска кариера во клубот со десет европски титули.

Pages