Шпанската Барселона постигна договор со Борусија Дортмунд за трансферот на германскиот репрезентативец Карим Адејеми. Каталонскиот гигант ќе плати 22 милиони евра, а договорот предвидува и дополнителни седум милиони евра преку бонуси, како и 20 проценти од евентуален евентуален иден трансфер да му припаднат на германскиот клуб.
Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го даде своето прво интервју по враќањето на клупата на „кралскиот клуб“, нагласувајќи дека неговата главна цел е да создаде победничка култура и да го издигне клубот на уште повисоко ниво.
Натпреварот од првото коло во Примера помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (закажан за викендот од 14-16 август 2026 година) ќе биде одложен поради официјалното правило на шпанската лига поврзано со Светското првенство во фудбал.
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид официјално стави крај на шпекулациите околу можниот трансфер на аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез, објавувајќи соопштение во кое категорично негира дека постои каков било интерес за фудбалерот на Челзи.
Капитеност на Атлетико Мадрид, Коке, официјално го продолжи својот договор до 30 јуни 2027 година, одбивајќи богата понуда од МЛС-лигата за да остане во својот матичен клуб. Ова продолжување се активираше автоматски преку клаузула во неговиот претходен договор, откако тој го исполни потребниот број на одиграни натпревари изминатата сезона.
Повремениот шпански репрезентативец Алехандро Грималдо е нов фудбалер на Атлетико Мадрид и доаѓа во Примера од германскиот Баер Леверкузен. Вредноста на трансферот се проценува на околу 20 милиони евра.
Шпанската Ла Лига го објави комплетниот распоред за сезоната 2026/27 во Примера, а љубителите на фудбалот уште на самиот почеток ќе имаат можност да уживаат во големи дерби пресметки.