Шпанија може да здивне, сите ПЦР-тестови се негативни

Шпанија

Шпанската репрезентација стравуваше поради двата позитивни теста на коронавирус, пред самиот почеток на Европското првенство.

Фановите можат да здивнат, бидејќи последните информации од таборот на „црвената фурија“ се позитивни. Сите играчи добија негативни резултати на последните ПЦР-тестови. Тоа значи дека Луис Енрико ќе може во нормален тек да ги продолжи подготовките за првиот натпревар на шампионатот. 

Првиот заразен беше Серхио Бускетс, а по него, позитивен резултат доби и младиот Диего Љоренте. Веднаш потоа сите заеднички тренинзи на Шпанија беа суспендирани, а работите се вратија на свое место оваа среда.

Шпанците ќе играат во групата Е заедно со Шведска, Полска и Словачка. Дебито ќе го имаат в понеделник, кога ќе се сретнат со шведската репрезентација.