Шпанија ја одреди судбината на Пике во дресот на „фуријата“

Жерар Пике, дефанзивецот на Барселона, е топ-тема во шпанските медиуми по нередите во Каталонија, каде народот се бори за отцепување од Шпанија и бара независност. Дефанзивецот кога и да игра за Шпанија - го исвиркуваат, поради неговите ставови на оваа тема.

Токму поради неговите контроверзни изјави, барем за оние кои не дозволуваат независност на регионот, Фудбалската федерација на Шпанија имаше состанок поврзан со Пике, на кој селекторот Лопетеги заеднички со стручниот штаб донесе одлука дека и покрај се тој може во иднина да го носи дресот на „фуријата“.

Шпанија во последните две кола од циклусот за СП 2018 се соочува со Албанија во Аликанте, а потоа гостува кај Израел во рамки на последното коло.