Шпанија извлече реми со Украина и закажа четвртфинале со Португалија

Во директна битка за првото место во групата Б на Европското првенство за играчи до 21 година, селекциите на Шпанија и Украина одиграа нерешени 2-2 (0-1). Поради подобрата гол-разлика, „црвената фурија“ сепак заврши на првата позиција и закажа четвртфинале со Португалија. Во групата А, првото место изненадувачки го зазема Грузија, па може да се каже дека Украина барем на хартија мина полесно.

Околу пресметката на „Супербет Арена“ во Букурешт, до пред крајот на полувремето немаше погодоци и мрежите мируваа. Украина успеа да дојде во водство во 43. минута, откако Виунук стрела по асистенција на Назаренко за 0-1. Веднаш на стартот на вториот дел, по само четири минути игра преку автоголот на Желизко „фуријата“ дојде до израмнување. 

Украинците пак дојдоа до предност во 81. минута. Судаков беше сигурен од 11 метри, го реализира добиениот пенал за 1-2. Сепак, Шпанците пак се вратија, овојпат преку Абел Руиз кој ги постави конечните 2-2.

Во оваа група натпревар без резултатско значење одиграа Хрватска и Романија, а истиот заврши без голови. Двете репрезентации не постигнаа гол во групата, па Хрватите бидејќи примија еден помалку го заземаа третото место.