ВИДЕО: Шпанија избегна бламажа во Тбилиси, Олмо ја растажи Грузија во 92. минута

Шпанија победа

Репрезентацијата на Шпанија се измачи на гостувањето во Тбилиси и запиша прва победа во квалификациите за Светското првенство против Грузија (1-2). Новиот грузиски селектор Вили Сањол беше на прагот на сензација пред домашните фанови, но една грешка на голманот го одлучи победникот во дуелот со поранешниот светски првак. 

  • Грузија - Шпанија 1-2: 

И покрај доминацијата на гостите, домашниот тим поведе од првата посериозна акција. Пред самиот крај на првиот дел погоди Кваратскелиа кој го изненади Симон. Одговорот на Луис Енрике беа три измени на стартот од продолжението. Олмо, Мартинез и Алкантара ја донесоа потребната свежина, која резултираше со израмнување. Стрелец на голот беше Феран Торес по асистенција на Жорди Алба.

Завршницата донесе малку возбудувања, што одеше во корист на аутсајдерот на овој меч. Шпанија сепак се спаси во последните секунди кога резервистот Олмо ја шокира Грузија и му нанесе болен пораз.

Во нашата група Ерменија го изненади Исланд (2-0) и се израдува на свој терен. Поранешниот вардарец Барсегјан го отвори противникот, а го докрајчи Бајрамран во завршницата.

  • Ерменија - Исланд 2-0: 

Одличната форма ја потврди Англија на гостувањето кај Албанија (0-2). Избраниците на Герет Саутгејт не му дадоа шанса на противникот за никакво изненадување. Водство донесе Хари Кејн по центаршутот на Шо, а Маунт ја запечати судбината на албанската репрезентација.

  • Албанија - Англија 0-2:

Убедлив настап имаше Данска на домашниот дуел со Молдавија (8-0). Фаворитот остана без примен погодок и со втората победа се зацврсти на врвот на табелата во групата.

  • Данска - Молдавија 8-0:

Вечерва се играат уште десет натпревари, меѓу нив и дуелот на Македонија против Лихтенштајн