ВИДЕО: Шпанија и со младинци ја преслуша Литванија

Фудбалската репрезентација на Шпанија славеше над Литванија (4-0) во последниот меч пред ЕП, во кој не играше со првиот тим, туку со младинскиот состав.

Откако Серхио Бускетс доби позитивен тест на коронавирус, целиот прв тим на Шпанија замина во изолација, а на пријателскиот натпревар се играше со играчи од У21-тимот. Но и тоа не беше пречка да се слави на натпреварот во Леганес.

  • Извештај од натпреварот:

Резултатот домашниот тим го отвори уште во 3. минута кога погоди Гиљамон, а во 24. минута следеше втор гол, овој пат на Дијаз. Пет минути подоцна „фуријата“ доби пенал, но не го реализира Руиз, па тоа беше резултат на паузата. Во вториот дел Миранда и Пуадо ги поставија конечните 4-0.

Шпанците чекаат извештај за останатите фудбалери, па патуваат на Европското првенство.