Шпанија и Аргентина следната година ќе се борат за трофејот во Финалисима

Со завршувањето на континенталните првенства во Европа и Јужна Америка, познати се ривалите кои следната година ќе се судрат за трофејот Финалисима

Шпанија како победник на Европското првенство и Аргентина како победник на Копа Америка ќе вкрстат копја во 2025 година за овој дуел на два континенти. Засега терминот на одигрување не е познат, а ќе зависи од резултатите на Шпанија во Лигата на нации. Ако оваа селекција не дојде до финалето, се отвора простор Финалисима да се одигра во јуни следната година. 

Минатото издание се одигра меѓу Аргентина и Италија на „Вембли“ на 1 јуни 2022 година, а Аргентинците го добија со убедливи 3-0. 

Во 2025 година по четврти пат ќе се одржи овој натпревар меѓу европскиот и јужноамериканскиот првак, а третпат во него ќе игра Аргентина. Токму тие имаат две титули, додека во првото издание во 1985 селекцијата на Франција го победи Уругвај.