Шпанија го избрка Лопетеги на ден пред СП затоа што тајно преговарал со Реал!

Фудбалската репрезентација на Шпанија нема да биде водена од селекторот Јулен Лопетеги на Светското првенство (СП) во Русија затоа што федерацијата реши да му врачи отказ, на еден ден пред Мундијалот.

Причина се тајните преговори со Реал Мадрид, за време на подготовките за големиот фудбалски настан. 

„Принудени сме да продолжиме без Лопетеги. Му посакуваме среќа во иднина. Преговорите се легитимни, но ние не знаевме ништо за тоа. Наша обврска е да носиме и одговорни одлуки. Не се чувствувам предадено, ќе се обидеме да менуваме што е можно помалку со новиот селектор.“, истакна Луис Рубиалес, претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, на вонредниот прес.

Се очекува одлука кој ќе ја води Шпанија на Мундијалот во Русија. „Фуријата“ првиот меч го игра за два дена, кога се среќава со Португалија.