• Зоран Мишевски
Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во повеќе земји и на повеќе континенти, но главни организатори се Шпанија, Португалија и Мароко.
Шпанската фудбалска федерација ги објави стадионите кои ќе бидат домаќини на натпреварите. Големо изненадување е изостанувањето на „Местаља“. Стадионот на Валенсија, кој е петти по големина во земјата и има капацитет од речиси 50.000 седишта, не е вклучен во изборот.
Мундијалски натпревари ќе се играат на стадионите на Реал Сосиедад, Барселона, Лас Палмас, Севиља, Малага, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Депортиво Ла Коруња, Атлетик Билбао и Сарагоза.
Мароко и Португалија уште не ги објавиле стадионите каде ќе се играат натпревари на Светското првенство.