Шпанците тврдат: Тони Крос се враќа во Реал Мадрид?

Легендарниот среден ред на Реал Мадрид го сочинуваа три врвни фудбалери - Каземиро, Крос, Модриќ.

Тони Крос се пензионираше од играњето откако го напушти Реал, а како што пишува „АС“, сега е на прагот да се врати во редовите на великанот каде што помина единаесет години. Секако, не како играч.

„Идејата не е враќање на теренот, иако тој сè уште е во одлична форма, туку нешто поструктурно. Многумина признаваат дека неговото присуство во денешниот среден ред тешко би останало незабележано од Алваро Арбелоа и неговите поранешни соиграчи до јуни 2024 година. Засега, намерата е јасна: тој ќе се врати. Единствената неизвесност е во која улога и каде точно ќе се вклопи“, пишуваат Шпанците.

Крос се збогува со белиот дрес со победа против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.