Шпанците тврдат: Меси и Гризман не разговараат на тренинзите! 

Напаѓачите на Барселона, Антоан Гризман и Лионел Меси не се во најдобри односи, а тоа е една од главните причини за лошите резултати на екипата оваа сезона, тврди „Ел Чирингуито ТВ“.

Истиот извор повикувајќи се на извори блиски до каталонскиот клуб посочува дека двете ѕвезди не комуницираат ниту на тренинзите. Францускиот офанзивец кој ова лето ја засили Барса пред извесен период самиот потврди дека му тешко да пронајде заеднички јазик со капитенот на тимот, а веќе месеци се кружат гласини дека Меси повеќе посакува покрај себе да го има Нејмар, отколку Гризман. 

Аргентинскиот ас ги демантираше овие шпекулации и велеше дека нема никакви проблеми со Гризман, но тоа не делува така на терен. 

Поранешниот капитен на Атлетико Мадрид за сума од 120 милиони евра се пресели на „Камп Ноу“, но не може да се пофали со одличен старт, затоа што на 14 одиграни натпревари оваа сезона за Барса има постигнато само четири гола.