ВИДЕО: Шпанците тргнаа да слават, но Перишиќ од гол-линија ја спаси Хрватска

Фудбалерите на Хрватска и Шпанија одиграа навистина борбени деведесет минути во финалето на Лигата на нациите, меѓутоа погодоци во регуларниот дел на средбата немаше. 

Најблиску до погодок на „Де Кујп“ беше Шпанија, бидејќи во 84. минута од единствениот удар во рамките на голот дотогаш можеше да го реши натпреварот. По добра акција, голманот Ливаковиќ остана само гледач по ударот на Ансу Фати. Сепак, кога многумина веќе видоа гол за „фуријата“, таму се испречи Иван Перишиќ кој спаси од гол-линија и ја остави Хрватска во игра за продолженија. 

По Ансу Фати, голема можност од потешка позиција имаше и Марко Асенсио, но откосо биеше крај голот на Ливаковиќ.

Состави

Златко Далиќ

4-3-3

    Луис де ла Фуенте

    4-2-3-1