Шпанците повлекоа нога: Затвор од осум месеци за расизам кон Винициус

Историска казна е изречена на суд во Шпанија, откако навивачи на Валенсија за расизам кон Винициус добија осум месеци затвор.

Судот во Валенсија осуди тројца навивачи на Валенсија на затворска казна од осум месеци и уште две години условно поради навредите кон играчот на Реал Мадрид на дуелот кој се одигра во месец мај 2023 година.

Истовремено, навивачите нема да може во следните две години да присуствуваат на стадион додека ја служат условната казна.

Ова е прва ваква казна донесена во Шпанија, а доби поздрав од сите, затоа што за расизмот нема место во фудбалот.