Шпанците открија што му рекол Модриќ на Мбапе во Париз: Не е фер...!

Франција ја елиминира Хрватска во четвртфиналето од Лигата на нации. По поразот (2-0) во Сплит, „триколорите“ со идентичен резултат славеа во Париз, додека избраниците на Дидие Дешамп мораа да минат низ пенали за да се пласираат меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.

Голем судир на теренот имаа соиграчите од Реал Мадрид, Килијан Мбапе од едната и Лука Модриќ од другата страна. За време на натпреварите во Сплит и Париз, двајцата имаа неколку вербални дуели. Онаа на „Пољуд“ секако ќе остане запаметена кога хрватскиот капитен му одржа предавање на францускиот напаѓач за симулација.

И по мечот во Париз двајцата беа фатени во разговор, а Шпанците открија што му рекол хрватскиот капитен на Мбапе во тунелот.

„Не е фер кога една екипа губи на пенали, но некој мора да победи, а вие бевте попрецизни од нас“, му рекол Модриќ на Мбапе, барем според пишувањето на шпанските медиуми.

Модриќ не изведе пенал во Париз затоа што Златко Далиќ го извади од теренот во регуларното време.