Шпанците не попуштаат, го исвиркуваа Пике при секој допир со топката

Жерар Пике со Шпанија обезбеди пласман на Светското првенство (СП) кое се игра во Русија, но сепак, навивачите не му простија на неговите изјави поврзани со Каталонија и го исвиркуваа при секој допир.

Мечот меѓу „фуријата“ и Албанците се играше во Аликанте, место близу Валенсија, а навивачите беа гневни на Пике, кој се изјасни за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Дефанзивецот често се наоѓаше во центарот на вниманието во изминатите денови, па така беше и сега, затоа што најжестоките навивачи на Шпанија го исвиркуваа буквално при секој допир со топката.

Пике имаше непријатности и за време на тренингот на Шпанија, кога шпански навивачи му испратија погрдни зборови поради неговиот став за Каталонија.