Шпанците најавуваат скандал - Барселона криела заразени од ковид-19?

Неколку шпански медиуми најавија скандал во кој е вмешана Барселона. Се работи за наводно криење на заразени од ковид-19 во редовите на овој клуб. Шпанските медиуми денес пренесоа дека дури седум лица од „блауграна“ тимот биле позитивни на вирусот, но челните лица не сакале тоа да излезе од круговите на клубот. 

Наводно заразени биле пет фудбалери и двајца блиски соработници на тренинзите. Според пишувањето, ова се случило на почетокот од ширењето на пандемијата во Шпанија, па сега сите тренираат со тимот. 

Од друга страна, „Мундо Депортиво“ тврди дека во Барселона немало позитивни на коронавирусот, туку седуммината биле носители на антитела и биле само преносители на заразата.

Клубот сè уште тврди дека заразени нема и не ги признава наводите на некои медиуми.