Шпанците ќе го „распарчуваат“ Ливерпул, испратени понуди за Мане и Александер-Арнолд

Мане Арнолд

Крајот на сезоната за Ливерпул донесе титула во Лигата на шампионите. Конечно, по четири години од доаѓањето на клупата на „црвените“, Јирген Клоп го обезбеди првиот трофеј во клупските витрини.

Сите фудбалери одиграа фатнастична сезона и тоа донесе голем интерес од неколку европски екипи. Особено се истакнуваат понудите на Реал Мадрид и Барселона за две ѕвезди на тимот од „Енфилд“.

Како што пишува „Диарио Гол“, Зинедин Зидан побарал да се обезбеди трансферот на Садио Мане, а Каталонците ги впериле очите кон дефанзивецот Трент Александер-Арнолд.

Од поодамна е познато дека Сенегалецот е мета на мадриѓани, а Ернесто Валверде во младиот англиски репрезентативец гледа идеална опција на десната бековска позиција.

Тешко е да се замисли дека тие двајца ќе си заминат од европскиот првак, но повик од шпанските гиганти секогаш е интересен за најдобрите фудбалери во светот.