Шпанците ја активираа клаузулата, Де Ла Фуенте останува селектор до СП 2026

Шпанската фудбалска федерација ја активира клаузулата и го продолжи договорот на селекторот Луис де ла Фуенте. 

62-годишникот ја води селекцијата од први јануари минатата година. Во договорот постоеше клаузула за продолжување на соработката, па Шпанците се решија да ја искористат. Според новиот договор Де ла Фуенте останува на селекторското столче до 2026 година. 

Тоа значи дека селекторот ќе биде на клупата во текот на целиот циклус за Мундијалот во 2026 кој ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Де ла Фуенте досега ја водеше Шпанија на десет натпревари на кои запиша дури девет победи и еден пораз, со гол-разлика од 32-10.