Шпанците и Романо демантираат: Роналдо не ја напуштил Саудиска Арабија

Англиските медиуми денеска пишуваа дека напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, ја напуштил Саудиска Арабија. Шпанскиот „Ас“ демантира, а потврда пристигна и од Фабрицио Романо, познатиот италијански новинар.

Англиските медиуми пренесоа дека славниот Португалец со својот приватен авион од Ријад заедно со семејството се упатил кон Шпанија. Како причина се наведува бомбардирањата во близина на американската амбасада.

Од друга страна, мадридски „Ас“ наведува дека таа информација не е точна и дека Роналдо не го напуштил Ријад. Тој останал во Саудиска Арабија, каде што се обидува да заздрави од повредата.

Идентична информација пренесе и Романо, со нагласок дека Португалецот во вторникот бил во тренинг-кампот на Ал Наср и дека неговиот фокус е рехабилитација од повредата здобиена минатата недела на натпревар од шампионатот на Саудиска Арабија. Клубот од Ријад на социјалната мрежа „Х“ објави фотографии на кои се гледа искусниот Португалец.

Дали тоа значи дека Роналдо и неговото семејство и натаму се во Ријад?