Шпанците го „распнаа“ Камавинга: Кога топката е во него станува опасност за Реал! (ВИДЕО)

Едуардо Камавинга се најде на удар на шпанските медиуми и навивачите по ремито на Реал Мадрид (2-2) против Фиорентина во подготвителниот натпревар.

Најостра беше „Кадена СЕР“, која оцени дека францускиот репрезентативец бил „практично јавна опасност кога топката му е во нозете“, посочувајќи дека направил премногу грешки во организацијата на играта и не влеал сигурност во средниот ред. 

Критики пристигнаа и од „АС“, каде што Камавинга беше издвоен како едно од најголемите разочарувања на натпреварот. Според шпанскиот весник, неговата слаба партија повторно ги отвори прашањата околу неговата иднина во клубот, особено ако пристигне сериозна понуда од Премиер лигата. 

На социјалните мрежи, пак, бројни навивачи го исмејуваа францускиот играч, а видеата со неговите грешки брзо се проширија, правејќи го една од главните теми по првиот посериозен тест на Реал Мадрид во новата сезона.