• Мартин Танасковски
Фудбалските селекции на Јапонија и Бразил одиграа спектакуларен пријателски натпревар во Токио, кој заврши со победа на „самураите“ од 3-2, иако на полувремето имаа негатива од два гола.
Бразилците водеа на паузата и диригираа игра, меѓутоа во вториот дел текот на играта се смени за тимот на Анчелоти и азиската селекција му одржа фудбалска лекција.
На полувреме, Бразил имаше 2-0 со головите на Пауло Енрике и Габриел Мартинели. Се чинеше дека фаворитот ќе триумфира, но Јапонија не мислеше така. Во 52. минута, Минамино намали на 2-1, а потоа следеа два брзи гола на Накамура и Уеда во 62. и 71. минута, за триумф на Јапонците.
За двете селекции ова беше последен пријателски натпревар во овој прозорец на ФИФА.









