Понижување до бескрај: Бенфика му даде ДЕСЕТ гола на Насионал (ВИДЕО)

Екипата на Бенфика го одигра еден од најефикасните натпревари во историјата и како домаќин на својот „Естадио Да Луж“ со убедливи 10-0 (3-0) го надигра Насионал.

Фаворитот беше немилосрден и до врв ја наполни мрежата на ривалот. „Аман луѓе, доста е, престанете!“, велеше и коментаторот кој го водеше директниот пренос на оваа средба, за изданието на „орлите“ пред домашната публика против клубот од родното место на Кристијано Роналдо. Очигледен беше очајот на лицата на гостите, на кои им се плачеше од мака за дебаклот.

Второрангираниот тим во Португалија ја забележа петтата победа во серија во шампионатот, а дека Насионал го чека „потоп“, се најави со гол уште во 1. минута на Грималдо. Потоа, Сеферовиќ даде два гола за 3-0 на полувреме. а во вториот дел паднаа уште седум гола. Два погодока во мрежата на противникот постигна Жонас, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Жоао Феликс, Пици, Феро, Диаз и Силва.

Бенфика има 50 бода, еден помалку од лидерот Порто. Во наредното коло тимот гостува кај Авеш.