Шоу на судијата: Го продолжи мечот 12 минути и досуди два пенали за Галатасарај (ВИДЕО)

Во рамки на 32. коло од турскиот шампионат, фудбалерите на Галатасарај победија со 2-3 во дуелот со Ризеспор.

Трите бода беа и тоа како значајни за тимот на Фатих Терим кој ја задржа лидерската позиција пред Басаксехир. Сомнителен беше финишот на вчерашниот меч во кој главната улога ја одигра судијата.

При резултат 2-1 за домашниот тим, арбитарот досуди пенал и му овозможи на фаворитот да се радува на победата. Голема прашина се крена околу таа ситуација во 89. минута.

  • Погледнете зошто во видеото кое што следува: