ВИДЕО: Шоу на Осимен и Кварацкелија, Наполи му даде ШЕСТ гола на Сасуоло

Екипата на Наполи конечно потсети на минатогодишните изданија од походот кон скудетото и ги израдува своите навивачи со огромна победа на гостувањето кај Сасуоло со конечни 1-6 (1-3). Актуелниот шампион брилираше на теренот, а маестрална партија прикажаа првите две ѕвезди на тимот, Виктор Осимен и Квича Кварацкелија. 

  • Извештај од натпреварот: 

Србинот Урош Рачиќ постигна неверојатен гол во 17. минута и го доведе Сасуоло во водство, но потоа следуваше „потоп“ и молк помеѓу домашните фанови. Најпрво Рахмани израмни на 1-1 во 29. минута, а потоа следуваа два гола на Виктор Осимен и наполитанците на паузата водеа дури и со убедливи 1-3. 

Хет-трикот на Нигериецот беше комплетиран по само две минути игра во вториот дел, а веднаш потоа на сцената стапи и Кварацкелија. Грузиската ѕвезда стрелаше презицно во 51. и 75. минута и Наполи буквално го распарчи противникот. Сасуоло немаше повеќе што да бара на овој натпревар и загуби со огромни 1-6 на дебитантскиот меч на новиот тренер, Емилијано Биџика. 

Избраниците на новиот тренер Калцона прикажаа дека ја креваат формата, а тоа доаѓа во вистински момент пред реванш-дуелот против Барселона во осминафиналето на елитниот ранг. Наполи барем малку ги залечи раните во Серија А и сега има 40 бода, доволни за деветтото место. Сасуоло е во голема криза и нема победа на последните шест натпревари, а во моментов падна во опасната зона и има само 20 освоени бодови. 

Состави

Davide Ballardini

4-2-3-1

    Франческо Калцона

    4-3-3