ВИДЕО: Шоу на некогашните „ѓаволи“, Наполи лесно се справи со Емполи

Екипата на Наполи забележа значајна победа во последниот натпревар од 32. коло на Серија А и пред својата публика со сигурни 3-0 (1-0) славеше во соочувањето со Емполи. Наполитанците и покрај неколкуте кикса во последните пет кола (два победи и три реми исходи) останаа во трката за шампионскиот трофеј, а со оваа победа се доближија на само три бода до лидерот Интер

  • Извештај од натпреварот:

Емполи на последните три меѓусебни натпревари двапати го совлада Наполи, но вечерва немаше решение за организираниот тим на Антонио Конте. Некогашните ѕвезди на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку и Скот Мектоминеј беа главните „виновници“ за победата на некогашниот шампион на Италија. Шкотскиот играч за врска во 18. минута со својот седми овосезонски погодок го отвори резултатот, додека Лукаку само што започна вториот дел стрелаше за комотни 2-0 за Наполи. 

Инаку, белгискиот ас му асистираше на Мектоминеј за првиот гол, а асистенција запиша и искусниот Уругваец Оливера. Врската Лукаку-Мектоминеј проработи и по еден час игра, откако Шкотланѓанецот за првпат постигна два гола на ист натпревар за Наполи и ги постави конечните 3-0.

Во следното коло Наполи гостува кај Монца, а противник на Емполи ќе биде Венеција