• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Аргентина одигра доминантно и како голем фаворит ја победи Гватемала (4-1) во последниот натпревар од подготовките за Копа Америка.
Кај „гаучосите“ свое шоу имаа напаѓачите Лионел Меси и Лаутаро Мартинез. Двајцата постигнаа по два гола во противничката мрежа и тоа откако аутсајдерот Гватемала успеа да поведе прв.
Аргентина е еден од главните фаворити за титулата на Копа Америка, турнир кој ќе се игра во САД. Меси и дружината ја бранат титулата, а во групната фаза ќе се соочат со селекциите на Перу, Чиле и Канада.