• Саше Љолес

Екипата на Реал Мадрид немаше големи потешкотии во финалето на Интерконтиненталниот Куп и славеше со сигурни 3-0 (1-0) над мексиканскиот тим, Пачука.
Избраниците на Карло Анчелоти влегоа во мечот со голема мотивација, без желба за никакви изненадувања, а тоа го потврдија по 37 минути игра, кога Килиан Мбапе стрелаше за 1-0 по асистенцијата на Винициус Жуниор. Минималната предност Реал ја задржа и на паузата, а во вториот дел само рутински ја доработи задачата.
„Кралевите“ тргнаа силно во напад, имаа многу повеќе шанси од ривалот и успеаја да ја удвојат предноста. Овој пат Мбапе беше асистент за Родриго, кој „измеша“ двајца дефанзивци на Пачука и биеше со маестрален удар од работ на шеснаесетникот. Конечните 3-0 ги постави Винициус Жуниор во 84. минута од натпреварот.
Максиканците само еднаш се заканија по голот на Куртоа, објективно беа послаб тим на теренот и на крајот заслужено впишаа пораз со конечни 3-0. За Реал Мадрид ова е вкупно четврта титула од Интерконтиненталниот Куп, со што „кралевите“ се најтрофејни во ова натпреварување.