ВИДЕО: Шоу на Јилмаз, Лил од 0-2 до херојска победа со Лион!

Екипата на Лил не го дава врвот во француската Лига 1. „Догите“ забележаа херојска победа на гостински терен кај Лион (2-3) и тоа откако имаа негатива од два гола во првото полувреме.

„Лавовите“ и лидерот го играа дербито на колото, а домаќинот имаше контрола на играта само во првото полувреме. Вториот дел беше тотална спротивност, Лил доминираше, па на погон на ветеранот Бурак Јилмаз кој игра феноменално по трансферот во Франција запиша големи три бода.

  • Извештај од натпреварот:

Мечот на „Олимпик Парк“ се отвори во 20. минута, кога Слимани доби топка од Какерет и реализира за предност на домашните. Четири минути подоцна ВАР му поништи гол на Лил, па следеше несреќен автогол на Фонте, за предност на Лион од 2-0. Пред финишот на првиот дел, Бурак Јилмаз намали на 2-1, а потоа Турчинот асистираше до Давид кој во 60. минута изедначи на 2-2.

Играчот на мечот, Бурак Јилмаз, стапи на сцена и во 85. минута. Тогаш проработе турската врска во Лил - Јусуф Јажици, кој влезе од клупата за резерви, го пронајде Јилмаз, а тој со вториот гол донесе херојска победа.

Лил по 34 одиграни кола е прв на табелата со 73 бода, а ПСЖ е второпласиран со 72 бода. Лион по овој пораз може да се каже дека испаѓа од шампионската трка затоа што е четврти со 67 бода. Трет е Монако на Нико Ковач, со 71 бод на контото.