• Горан Упале

Ниту репрезентативната пауза не го сопре налетот на фудбалерите на Атлетик Билбао во домашниот шампионат. Баскијците на отворањето на седмото коло на Примера одиграа уште еден фантастичен натпревар и пред својата публика славеа со убедливи 3-0 над новајлијата во лигата, Алмерија.
- Извештај од натпреварот:
Така, тимот од „Сан Мамеш“ ја забележа петтата овосезонска победа и ја продолжи својата позитивна серија од шест натпревари без првенствен пораз.
Одново, херој на домашната екипа беше новиот репрезентативец на Гана, Ињаки Вилијамс, кој блесна во вистински момент и со два гола го одведе својот тим до посакуваните три бода. 28-годишниот напаѓач прва радост на трибините донесе по само десет минути игра, кога погоди по додавање на Нико Вилијамс, а седум минути подоцна Ојхан Санкет Тирапу го матира Мартинез и Атлетик Билбао веќе имаше сигурни 2-0, резултат со кој се замина на одмор.
На стартот од вториот дел Ињаки Вилијамс повторно се најде на вистинско место и пак на додавање на Нико Вилијас стрелаше за високи 3-0, додека точка на натпреварот стави Микел Весга Арути од пенал, на шест минути од крајот на натпреварот.