ВИДЕО: Шоу на Дибала, Несторовски и Удинезе немоќни во Торино

Фудбалерите на Јувентус полесно од очекувањето се пласираа во четвртфиналето од Купот на Италија, откако вечерва пред својата публика со сигурни 4-0 (2-0), славеа над екипата на Удинезе, со Илија Несторовски од првата до последната минута. 

Гостите од Удине сили за надигрување имаа само во воведните 15 минути, во кои не дозволија Јуве да се разигра, но по една аргентинска акција, Дибала на мајсторски начин го проигра Игуаин, а овој рутински ја затресе мрежата на Николас, за водство на шампионот од 1-0. 

  • Извештај од натпреварот: 

Доминацијата на избраниците на Сари не застана, па следуваше нова домашна радост. Овој пат во улога на реализатор се појави Дибала, кој во 26. минута беше прецизен од најстрога казна. До крајот на првиот дел Бентакур пропушти голема шанса за уште поубедливо водство, откако во 41. минута не успеа да го надмудри Николас.

Во отсуство на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, аргентинскиот ас кој летово беше на излезни врати од редовите на Јуве, на фантастичен начин го започна и вториот дел и во 57. минута со мајсторски лоб погоди за 3-0, со што го реши прашањето на победникот на овој дуел. 

Само четири минути подоцна Јувентус доби уште еден удар од 11 метри, но овој пат одговорноста ја презеде Даглас Коста и погоди за конечни 4-0. Во борбата за полуфинале Јувентус го чека дуел со победникот од утрешниот последен осминафинален натпревар меѓу Рома и Парма.

Состави

Maurizio Sarri

4-2-3-1

    Luca Gotti

    3-5-2