ВИДЕО: Шоу на Дембеле, ПСЖ си поигра со Олимпик Марсеј!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен покажаа кој е кој во Франција! Требаше да биде дерби на колото, и клучен натпревар во трката за титулата, но наместо тоа – доминација на момците на Луис Енрике. Европскиот шампион пред својата публика го посрамоти големиот ривал Олимпик Марсеј со пет гола во мрежата (5-0). А главна ѕвезда на теренот беше – најдобриот на светот. 

Осман Дембеле, продолжува да одушевува со своите игри во дресот на Пари Сен Жермен. Францускиот ас беше расположен за игра, а во 37. минута од дербито во Париз постигна гол кој уште долго ќе се прераскажува. Во стилот на „вистинскиот“ Роналдо ја измеша противничката одбрана и ја заби топката во голот за 2-0. Претходно, Дембеле се најде во центарот на вниманието и по центаршутот на Нуно Мендез го отвори резултатот.

Во вториот полувреме Медина си постигна автогол и го остави својот тим без никакви шанси за поволен резултат во Париз. „Светците“ како да начекаа „свежо месо“ и немилосрдно ги казнуваа сите грешки на противникот. Квича Кварацкелија зголеми на 4-0, а точка на победата стави Ли во 74. минута.

Со овој пораз Олимпик Марсеј речиси сигурно ги загуби шансите за шампионската титула, додека ПСЖ се врати на лидерската позиција со два бода предност во однос на Ленс.