ВИДЕО: Шоу на Болт на тренингот на Палмеирас во Сао Паоло

Легендата на спринтот и најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт денес го посети новиот бразилски шампион Палмеирас и приреди вистинско шоу во соблекувалната и на тренингот на Луис Фелипе Сколари.

Спринтерот од Јамајка најнапред се шегуваше со трофејниот тренер, па играше со ѕвездите на Бразилерао и на крајот спринтираше во тренинг кампот во Сао Паоло.

  • Шоуто на Усеин Болт на тренингот на Палмеирас:  

Болт е голем вљубеник во фудбалот и неколку пати се обидуваше да започне фудбалска кариера, но без голем успех.