• Мартин Танасковски
Екипата на Реал Мадрид на последниот гостински натпревар во актуелната сезона дојде до три бода кај Севиља (1-2) и е пред верификација на второто место веднаш зад лидерот и нов првак Барселона.
„Кралевите“ губеа затоа што одбраната прими еден ран гол поради нефокусираност, но потоа успеаја да се вратат во мечот и да победат. Иако беа без Карим Бензема и Винициус Жуниор, избраниците на Карло Анчелоти добија гол-играч во името на Родриго.
- Извештај од натпреварот:
Рафа Мир го изненади кралскиот клуб и донесе предност за Севиља уште во 3. минута од мечот во Андалузија. Работите одеа според планот на домашните се до 29. минута кога Родриго погоди од слободен удар за 1-1, а потоа во вториот дел, во 69. минута истрча половина терен, се ослободи и од чуварите, па погоди за пресврт. Во финишот во кој имаше доста тензии и картони, поцрвене Акуња од Севиља.
Реал во последното коло ќе му биде домаќин на Билбао, додека Севиља гостува кај Реал Сосиедад.