ВИДЕО: Шомуродов човек на одлука, Рома впиша „минималец“ со Верона

Фудбалерите на Рома ја совладаа Верона на „Олимпико“ со 1-0 (1-0), во натпреварот од 33. коло во италијанската Серија А. Римјаните на тој начин се вратија на победничките патеки, бидејќи по тие седум триумфи во низа забележаа две нерешени средби во последните две кола. Сега се шести на табелата со 57 бодови и уште не го кажале последниот збор во борбата за четвртото место, кое води во Лигата на шампионите.

Избраниците на Клаудио Раниери започнаа одлично, поведоа уште во четвртата минута, а тоа се покажа како решавачки момент на натпреварот. Акцијата започна со размена на брзи додавања на својата половина, а тие додавања механички ја повлекоа задната линија на Верона понапред. Кристанте упати перфектна долга топка на десната страна кон Суле, кој се ослободи од Валентини, ја додаде топката во шеснаесетникот, каде одлично реагираше узбекистанскиот центарфор Елдор Шомуродов, кој постигна гол за 1-0.

Во продолжение се играше слаб фудбал, Рома имаше целосна контрола, а Верона не најде начин да се закани.

  • Извештај од натпреварот:

По овој пораз Верона е четиринаесетта со 32 бода и делува дека е сигурна во опстанокот во Серија А.