ВИДЕО: Шокираните лица на фановите говорат сè за полуфиналниот очај на Англија!

Фудбалската селекција на Англија како никогаш по 1966 година беше блиску до шампионската титула на едно Светско првенство. 

Вечерва „Гордиот Албион“ прокоцка водство од 1-0 и сосема заслужено беше елиминиран од Хрватска, која со головите на Перишиќ и Манџукиќ стигна до историско прво финале во својата фудбалска историја. 

Разочарувањето кај фудбалерите на Герет Саутејт беше огромно, а лицата на фановите на колевката на фудбалот говори сè за вечерашниот очај на „Лужњики“ во Москва.