ШОКАНТНИ ВЕСТИ: Ван Дајк ќе мора на операција на коленото!

Лидерот во одбраната на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, заработи тешка повреда на дербито против Евертон.

Невнимателниот Џордан Пикфорд стартуваше нефудбалски и го натера Холанѓанецот порано да го заврши мечот. Денешните прегледи донесоа лоши вести за Јирген Клоп и сите приврзаници на актуелниот англиски првак.

Столбот во одбраната на „црвените“ ќе мора да оди на операција за да ги реши проблемите со лигаментите во коленото. Засега нема специфичен период кој се споменува со неговата рехабилитација и кам-бекот на терените.

Ван Дајк е исклучително важен за успесите на Ливерпул. Бројките го покажуваат тоа, а истите велат дека тој ги одиграл сите минути во Премиер лигата од јануари 2018 година.