Шокантни сцени во Холандија: Голман колабираше среде меч, веднаш префрлен во болница 

Натпреварот од седмото коло во холандскиот шампионат помеѓу РКЦ Валвијк и Ајакс беше прекинат пред самиот крај, откако домашниот голман се здоби со тешка повреда.

Средбата беше прекината во 87. минута, кога Ајакс водеше со 2-3, а домашниот голман Етјен Васен колабираше на теренот по жесток судир со противнички играч. Медицинската помош брзо пристигна за да му помогне на Ваесен. 

Во сцените кои потсетуваат на Европскоро првенство кога срцето на Кристијан Ериксен застана, играчите на двата тима ги опколија Весен и лекарите за да не ги снимаат камерите. Весен по речиси десет минути на носилки беше префрлен во болница.

Холандските медиуми објавија дека голманот е свесен, но не се познати други детали за неговата состојба. Откако Ваесен бил пренесен во болница, судијата се консултирал со играчите и ги прашал дали можат да го продолжат натпреварот, а кога сфатил дека не можат, го прекинал.