ВИДЕО: Шокантни сцени од Шведска - Хелсинборг отпадна, навивачите „удрија“ по синот на Хенрик Ларсон

Фудбалерите на Хелсинборг за првпат по 23 години од наредната сезона ќе играат во Втората лига, а оваа новонастаната ситуација едноставно не им се допадна на навивачите. Екипата, која ја предводи легендарниот Хенрик Ларсон, на домашен терен во плеј-оф натпреварот за опстанок загуби од Халмштад со 2-1.

Фановите не можеа да се помират со фактот дека нивниот тим ќе игра во понизок ранг, па веднаш по завршувањето влетаа в терен, со една цел да се пресметаат со фудбалерите.

Прв на удар беше синот на тренерот на Хелсинборг, Џордан Ларсон, кој навивачите го заобиколија и едноставно му го извадија дресот, а еден од навивачите и го удри.

За среќа реагираше и обезбедувањето, па разбеснетите навивачи се повлекоа, а Ларсон помина без посериозни повреди.