• Саше Љолес
Дербито помеѓу Лилестром и Валеренга е најголемо во Норвешка, а сите дуели меѓу овие тимови добиваат дополнителен набој поради тоа што се работи за два градски ривали.
Двете екипи потекнуваат од главниот град, Осло, а на нивните меѓусебни пресметки секогаш има голема тензија и инциденти. Фудбалските љубители во Норвешка сметаат дека ова дерби е најголемо во цела Скандинавија, а последниот дуел меѓу овие тимови повторно донесе шокантни сцени, ретко видени на трибините низ Европа.
Geir Bakke left Lillestrøm to take over at Vålerenga in July, yesterday he returned to his old ground with his new club and was greeted by this.
Bonkers. pic.twitter.com/xm3ianlk9c
— HLTCO (@HLTCO) October 23, 2023
Навивачите на Лилестром истакнаа навистина морбидна и нечовечка кореографија која се однесуваше на тренерот Геир Баке, кој од нивниот клуб премина токму во најголемиот ривал, Валеренга. Фановите на домашниот тим добија голем негативен публицитет ширум континентот, затоа што го претставија тренерот во форма на обесен стаорец, по што многумина на социјалните мрежи изразија поддршка за Баке и ја осудија постапката на навивачите.
Очигледно е дека најжестоките фанови не можеле да му го простат „предавството“ на тренерот Баке, но сепак, пошироката јавност смета дека постојат граници на нормално искажување револт. Во секој случај, домашната публика на крајот имаше причина за големо задоволство, зашто нивните миленици го победија најголемиот ривал со 2-0.