• Мартин Танасковски
Шокантна вест пристигнува од Холандија – згаснува популарниот фудбалски клуб Витесе! Федерацијата му ја одзеде професионалната лиценца на клубот, со што по испаѓањето од првата во втората лига, клубот од Ахем го симнува уште две рангови подолу, во аматерската регионална лига.
Витесе имаше право на жалба, но не го искористи рокот за тоа, ниту го достави финансискиот извештај и бараните податоци од банкарската сметка. Веднаш по истекот на тој период тимот ја доби гореспоменатата казна, а клубот сега се соочува со банкрот.
Поради финансиите, Витезе на крајот од минатата сезона беше казнет со одземање на 18 бодови, што го однесе во понизок ранг. Холандските медиуми наведоа дека Витесе должи 14,3 милиони евра, што во реалноста не е голема сума, па затоа е изненадувачки што се случува околу клубот со долга историја.
Витезе е основан во далечната 1892 година, во месец мај беше прославена 132-годишнината од постоењето на клубот.