Шокантна вест: Академија Пандев ќе се откаже од настапот во ПМФЛ!?

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) веројатно ќе започне со десет клуба. Првата екипа која се откажа од настапот е Ренова, а веќе се најавува и втора, на големо изненадување, се говори за тим кој оваа сезона ќе игра во еврокуповите.

Медиумот на албански јазик од Македонија, „Инфоспорт“, пишува дека според нивни неофицијални информации, Академија Пандев е екипата која следната сезона, заедно со Ренова од Тетово, нема да игра во ПМФЛ.

Како што пишува „Инфоспорт“, раководството на оваа екипа драстично го намалило буџетот, а тоа придонело и заминување на повеќе важни имиња од колективот. Академија Пандев е во сопственост на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, а оваа сезона заврши како вицепрвак и ја чека настап во Конференциската лига на УЕФА каде следи двомеч со полска Лехија.

Клубот се формира во 2010 година и оттогаш непрекинато растеше. За само неколку одини Академија Пандев дојде до сениорска конкуренција, а пет години во низа е во елитата.