Шокантна сцена во Тетово: Навивач му удри шлаканица на гостински фудбалер! (ВИДЕО)

Фудбалскиот натпревар во рамките од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Тетекс и Саса заврши со гостинска победа од 0-2. Во финишот имаше искри на теренот, по еден прекршок и мали расправии, ама вистински шок приреди еден навивач. 

Приврзаник на „штофарите“ влета на теренот и ги шокира сите, бидејќи му удри шлаканица на противнички играч. Навивачот, откако го удри фудбалерот на Саса од нападот Бошко Ступиќ, истрча надвор од теренот, полицијата тргна по него, ама бргу се откажа. 

Потоа следеше влез на полициските службеници на теренот, играчите на Саса беа бесни и останаа на теренот уште некое време, пред ситуацијата да се расчисти.