Шокантна сцена: Екс-фудбалер на Лацио со автомобил „полета“ и заврши во недоградена сала (ВИДЕО)

Софијан Кијин се најде во центарот на вниманието, откако во текот на вчерашниот ден доживеа тешка сообраќајна несреќа. Фудбалерот кој потекнува од Мароко, меѓутоа игра и живее во Белгија возеше пребрзо и верувале или не, влета низ ѕид на недоградена спортска сала. 

Играчот кој своевремено беше член на италијански Лацио (иако нема официјален настап), возеше пребрзо на мокриот коловоз, налета на млаз вода, а потоа практично „одлета“. Слетувањето на автомобилот не беше воопшто пријатно, Кијин се заби во ѕид на недоградена спортска сала и заврши во болница. 

Во болницата, Кијин беше примен во тешка состојба, а за среќа е потврдено дека и покрај навистина тешките повреди, тој е надвод од животна опасност. 

Инаку, Кијин во моментов настапува за Леувен каде што пристигна минатата година. 25-годишникот од 2019 година беше член на Лацио, не дебитира никогаш за првиот тим, а беше позајмуван двапати во Салернитана и еднаш во Венеција. Претходно беше фудбалер и на Киево, клуб во кој како младинец пристигна од Стандард Лиеж.