Шокантна изјава: „Играта на Тиаго му штети на Ливерпул...“

Алкантара

По само неколку натпревари во дресот на Ливерпул, Тиаго Алкантара веќе сруши неколку рекорди на екипата. Играчот за врска е прва опција за соиграчите при секое примање на топката, а неговите додавања се речиси перфектни.

Меѓутоа во Англија има луѓе кои веруваат дека неговиот стил повеќе му штети на англискиот првак, отколку што му помага. Еден од нив е Дитмар Хаман, кој во минатото го носеше дресот на тимот од „Енфилд“.

„Тиаго ги забавува работите и не игра како што игра Ливерпул. Екипата има играчи од средниот ред кои се помалку вешти, но кои играат со топка побрзо од него. Тиаго сака посед, но на Ливерпул му е важно топката да се движи и играта да има висок интензитет“, смета Хаман.

Екипата на Јирген Клоп во последното коло ремизираше без голови на домашен терен против Манчестер Јунајтед.