Шокантен потег на Пепе: Тргна да му ја уништи кариерата на Тадиќ! (ВИДЕО)

Португалија на домашен терен одигра 1-1 против Србија, а најлошиот потег на натпреварот беше во првото полувреме, кога дефанзивецот Пепе тргна да му ја уништи кариерата на Душан Тадиќ.

Српскиот фудбалер кој настапува за Ајакс игра во топ-форма. Блескаше на дуелот со Португалците, а во првиот дел Пепе тргна директно на неговата нога. Го згазна навистина лошо, но за среќа, Тадиќ го продолжи дуелот, иако потскокнуваше по прекршокот.

Фудбалскиот свет ја осуди грубоста на Пепе, а многумина истакнаа дека тоа е вистинското лице на Португалецот, кој важеше за еден од најгрубите дефанзивци додека играше во Реал Мадрид.

Дуелот во рамки на евроквалификациите заврши без победник (1-1). Португалија го одигра второто реми во низа, а дополнителен проблем е што се повреди Кристијано Роналдо.

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 7 6 1 0 15:2 13 19
2 ПортугалијаПортугалија 7 4 2 1 20:6 14 14
3 СрбијаСрбија 7 4 1 2 15:15 0 13
4 ЛуксембургЛуксембург 7 1 1 5 7:14 -7 4
5 ЛитванијаЛитванија 8 0 1 7 5:25 -20 1